Синот на вториот возач на автобусот на „Беса Транс“: Телото на татко ми било пронајдено во кабината за спиење

од Берта Китинска
386 прегледи

Името на вториот возач на опожарениот автобус на автопатот Струма е Кадрим Мемеди. Неговиот син Бесар ексклузивно за БНТ изјави дека телото на неговиот татко било пронајдено во кабината за спиење.

Синот бил во Бугарија за да го препознае телото и се вратил дома.

Неговиот татко имал 54 години, со над 20 години искуство. Често патувал во Германија и Турција и ги знаел рутите. Автобусот бил технички исправен, вели неговиот син.

Бесар тврди дека „Беса Транс“ има сервис и во Турција. Неговиот татко заминал во четвртокот, а во петокот веќе бил во Турција.Кадрим во петокот оттаму му се јавил на синот.

Во автобусот не дозволувал патници со опасен багаж – ниту со пиротехнички средства, ниту гориво. Автобусите биле стари 3 години и технички исправни, раскажал синот на починатиот возач.

Од списокот на преживеани во несреќата, според Бесар,  го нема името  на патникот Шади Науф ал Салех.

Фото: БНТ

Слични содржини