Заоштрени односи: Писмото на Џонсон ги откажа преговорите помеѓу Париз со Лондон

од Milan1
306 прегледи

ортпаролот на француската влада Габриел Атал денеска изјави дека францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманен ја информирал својата британска колешка Прити Прател дека „повеќе не е добредојдена“ на неделниот состанок во Франција за прашањето на илегалните мигранти.

Откажувањето уследи по писмото испратено од британскиот премиер Борис Џонсон до францускиот претседател Емануел Макрон, во кое тој ја критикува Франција за начинот на кој таа се справува со прашањето за илегалната миграција и трговијата со луѓе, пренесува Ројтерс.

„Тоа писмо беше формално лошо и неговата содржина е несоодветна“, изјави Атал за „ТВ БФМ“ за писмото на Џонсон до Макрон.

Во рамки на ескалацијата на политичката криза по смртта на 27 мигранти на Ла Манш, Дарманен изјави дека Франција е разочарана од писмото.

„Тоа може да се случи. Јавното писмо на британскиот премиер го сметаме за неприфатливо и спротивно на нашите разговори меѓу партнерите. Како резултат на тоа, Прити ПатеЛ не беше поканета “, рече Дарманен.

Во своето писмо до претседателот Макрон, Џонсон предложи пет чекори за да се избегне повторување на трагедијата од средата.

Меѓу предложените мерки се и активирање на заеднички патроли за да се спречи напуштање на повеќе бродови од францускиот брег, како и примена на најнапредната технологија, како сензори и радари. Се предлагаат и меѓусебни поморски патроли во меѓусебните територијални води и воздушно набљудување, како и поголема соработка меѓу заедничките разузнавачки служби.

Тој предложи и преговори за постигнување договор за враќање на бегалците меѓу Обединетото Кралство и ЕУ. „Договорот со Франција за прием на мигранти кои го минуваат каналот на оваа опасна рута ќе има автоматско и значително влијание“, се вели во писмото Џонсон.

Слични содржини