Патници од два лета кои утрово слетале на аеродромот во Амстердам од Јужна Африка се задржани во авионите. Тие се тестираат на коронавирус во врска со новиот, позаразен сој откриен во јужниот дел на африканскиот континент.
На патниците во моментов не им е дозволено да го напуштат авионот, пренесуваат локалните медиуми.
Портпаролот рекол дека на сите ќе им биде направен ПЦР тест на аеродромот, а тестовите ќе бидат анализирани најбрзо што може.