Швајцарците утре на референдум гласаат дали ќе се воведат ковид-пропусници

од Milan1
246 прегледи

Швајцарците утре по втор пат за помалку од два месеци ќе гласаат за Законот за ковид-19. Со овој закон се регулира не само финансиската помош за културните и гастрономските институции, туку и користењето на ковид-потврди, кој функционира на истиот начин како и во останатите земји-членки на ЕУ.

Без овој закон, таканареченото 3Г правило (вакцинирани, прележани и тестирани) повеќе не би можело да се применува во гастрономијата и за време на културните настани.
Сегашните анкети покажуваат дека граѓаните и на овој референдум нема да гласаат против законот, но противниците во моментов се доста успешни во кампањата против мерките за борба против пандемијата.

АП во својот извештај сугерира дека ако Швајцарците во недела дадат зелено светло на ковид потврдите, тоа може да ја олесни работата на владата во напорите против пандемијата.

Слични содржини