Швајцарија на референдум за ковид-потврдите

од Vladimir Zorba
347 прегледи

Швајцарските гласачи на референдум денеска ќе одлучат дали да го поништат воведувањето на ковид-потврдите кои моментално се потребни за докажување на вакцинација, закрепнување од вирусот или негативен тест.

Противниците на потврдата ги принудија властите да гласаат за тоа со петиција.

Тие се спротивставуваат на потребата од потврдите за влез на настани или во ресторани, велејќи дека тоа ќе ја подели државата и индиректно ќе ги принуди луѓето да се вакцинираат.

Сепак, во неодамнешните анкети, околу 60 отсто од испитаниците беа против укинувањето на ковид-потврдите.

На референдумот денеска се гласа и за иницијатива на медицинскиот персонал, која најверојатно ќе биде прифатена.

Потребни се повисоки плати, подобри услови за работа и повеќе пари за образование и обука.

Стручниот медицински персонал месечно заработува во просек над 4.000 евра бруто.

Сепак, трошоците за живот во Швајцарија се високи и нема стимулации за работодавците да придонесуваат за здравствено осигурување на вработените.

Владата сака да инвестира повеќе во обука, но условите за работа да им ги остави на работодавците.

Ќе се гласа и за тоа како се именуваат федералните судии. Тие досега беа избирани од парламентот според распоредот на гласовите меѓу партиите.

Поддржувачите на иницијативата тврдат дека тоа ги става во неповолна положба непартиските адвокати и предлага стручна комисија од надлежни адвокати кои потоа би одлучувале со ждрепка.

Во анкетите околу половина беа за, а многумина се уште се неопределени.

Слични содржини