Филипче одговори дали ќе се кандидира за лидер на СДСМ

од Берта Китинска
346 прегледи

Министерот за здравство, Венко Филипче на денешната прес конференција посочи дека нема да се кандидира за претседател на СДСМ.

„Не, немам таков интерес“, одговори кратко Филипче.

Тој денеска соопшти дека здравствените власти засега нема да преземаат нови мерки за заштита од ширење на новиот  сој на коронавирусот.

“Сѐ уште нема доволно познати информации иако СЗО укажува на тоа дека можеби е полесно пренослив. Сепак, директорот на американскиот институт за здравство д-р Колинс смета дека и за тоа нема доволно информации. Сметам дека некаква рестрикција во однос на затворање на границите, во однос на карантинизирање на патници кои доаѓаат од одредени земји нема да даде ефект поради тоа што е очигледно дека кога ќе се појави нов сој не може да се ограничи само на една територија“, рече Филипче.

Слични содржини