Казахстан: Рестрикции на струја, причина се криптовалутите

од Nikola Popovski
331 прегледи

Копањето криптовалути троши огромна количина електрична енергија, што предизвикува локална енергетска криза во Казахстан.

„Фајненшл тајмс“ објави дека операторот на електричната мрежа во оваа земја, КЕГОЦ, објавил дека ќе започне со рационализација на дистрибуцијата на електрична енергија за 50 регистрирани криптовалути, откако нивната работа наводно барала итно исклучување на три електрани во октомври.

Тие ќе бидат и првите што ќе се исклучат доколку има дефекти на мрежата, соопштија од компанијата, пренесува порталот „Бизнис“.

Казахстанското Министерство за енергетика проценува дека побарувачката за електрична енергија скокнала за осум отсто од почетокот на 2021 година, во споредба со типичниот раст од еден или два отсто. Од октомври во шест региони во земјава има прекини на струја.

Официјални лица и набљудувачи ги поврзаа прекините на струја со се поголем број нерегистрираните копачи на криптовалути кои незаконски произведуваат дигитални средства од нивните домови или дури и од фабрики.

Тековната кинеска војна против криптовалутите може делумно да биде одговорна за таквата ситуација. Побарувачката за енергија почна да расте кога компаниите за копање криптовалути се преселија од Кина на почетокот на 2021 година и повторно скокна кога Кина го прогласи рударството со криптовалути за нелегално овој мај.

Електричната енергија била релативно евтина во Казахстан, што го прави рај за компаниите кои се надеваат дека ќе остварат поголем профит врз основа на крипто операциите.

Казахстан во моментов се обидува да го надополни недостигот од електрична енергија. Властите во оваа земја бараат од руската енергетска компанија да ја надополни националната електрична мрежа, а од регистрираните копачи ќе наплаќаат надомест од еден тенге (околу 0,0023 долари) за секој киловат-час почнувајќи од 2022 година.

Слични содржини