И Шпанија го пријави првиот случај на сојот омикрон

од Nikola Popovski
202 прегледи

Шпанија го откри својот прв случај на сојот на коронавирус, омикрон кај 51-годишен маж кој допатувал од Јужноафриканската Република, преку Амстердам, соопштија регионалните здравствени власти на Мадрид, пренесува „Срна“.

Одделот за микробиологија во болницата „Грегорио Маранхон“ во Мадрид, кој ја секвенционираше и потврди новата варијанта, во посебен „твит“ додаде дека пациентот е во добра состојба со благи симптоми. Тој пристигнал во неделата, пишува Ројтерс.

Најновиот сој, првпат пријавен во Јужна Африка, предизвика глобален бран на рестрикции и ограничувања на границите и суспензии на летови во текот на викендот поради стравувањата од враќање на неконтролираната инфекција.

Високо мутираниот сој на омикрон најверојатно ќе се шири на меѓународно ниво и претставува многу висок ризик од бран на инфекцијата што би можел да имаат „тешки последици“ на некои места, соопшти Светската здравствена организација.

Слични содржини