Извршниот директор на Модерна Стефан Бансел изјави за Фајненшл Тајмс дека очекува постоечките вакцини да бидат помалку ефикасни против новата варијанта на коронавирус.
Бансел во понеделникот изјави за телевизија (CNBC) дека може да потрае неколку месеци за да се развие и да се испорача специфична вакцина против новиот сој на ковид-19, омикрон
„Може да се направи поголема доза веднаш, но ќе поминат неколку месеци додека варијантата специфична за омикрон да биде подготвена за испорака во огромни количини“, рече Бансел.
Бансел рече дека Модерна верува дека варијантата на омикрон е многу заразна, но ќе бидат потребни најмалку две недели за да се утврди колку мутациите влијаеле на ефективноста на вакцината моментално на пазарот.
„Од една страна би можеле да одлучиме да дадеме поголема доза од сегашната вакцина ширум светот за да ги заштитиме луѓето, можеби луѓето со многу висок ризик, имунокомпромитирани и постарите лица би требало да имаат четврта доза“, рече тој.
Модерна во петокот објави дека работи на прилагодување на вакцината кон новата варијанта и дека тестира поголема доза од постоечката „засилувач“ доза и ги проучува верзии на вакцини за да се заштити од повеќе варијанти.