Лондон: Ќе го браниме Западен Балкан од Русија

од Milan1
356 прегледи

Обединетото Кралство ќе ја штити и поддржува стабилноста на Западен Балкан и Украина, најави министерката за надворешни работи на земјата Елизабет Трас во пресрет на седницата на шефовите на дипломатиите на земјите членки на НАТО во Рига.

„Секоја акција на Русија насочена кон поткопување на слободите и демократијата во нашите партнерски земји би била стратешка грешка. Ние сакаме мир во кој слободата и демократијата не само што ќе преживеат, туку и ќе цветаат. За таа цел, ние ќе бидеме на страната на нашите демократски партнери , противејќи се на руската злонамерна агресија. Ќе ја поддржиме Украина и стабилноста на Западен Балкан, ќе ја зачуваме нивната безбедност и ќе ја зајакнеме нивната економска стабилност“, рече Трас.

Киев и западните земји неодамна изразија загриженост поради наводното интензивирање на „агресивните акции“ од страна на Русија во близина на границите на Украина.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека Русија ги преместува војниците на своја територија и по сопствена дискреција. Според него, тоа никому не се заканува и никого не треба да го загрижува.

Слични содржини