Бислимоски реизбран за претседател на Одборот на регулатори

од Берта Китинска
273 прегледи

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Марко Бислимоски  е реизбран за претседател на Одборот на регулатори на Енергетската заедница (Energy Community Regulatory Board – ECRB), со што практично доби втор мандат во извршување на оваа должност. Гласањето се реализираше на 50-тиот јубилеен состанок што се одржа во Атина.

Добивањето на доверба за уште еден мандат, освен што ја потврдува лидерската улога на РКЕ во спроведување на реформите во енергетскиот сектор, дополнително е и признание на активната улога на РКЕ во креирањето на решенија во време на енергетска криза, посочи Бислимоски по завршувањето на состанокот.

„Предизвик е да се претседава со Одборот на регулатори во време на енергетска криза, но лидерството се кристализира во нудење на решенија во тешки моменти, а не во изговори како алиби “ изјави Марко Бислимоски, претседател на РКЕ и претседател на Бордот на регулатори на Енергетската заедница.

На состанокот учествуваа регулаторите од Албанија, Босна и Херцеговина, Грузија, Косово, Молдавија, Црна Гора, Северна Македонија, Србија и Украина, како и претставници од Европската комисија и Агенцијата за соработка на eнергетските регулатори на Европската унија (Agency for the Cooperation of Energy Regulators – ACER).

Слични содржини