Француски „Либерасион“ го обвини комесарот Хан за корупција

од Nikola Popovski
294 прегледи

Францускиот весник „Либерасион“ го обвинува еврокомесарот Јоханес Хан за корупција, наведувајќи дека Хан дозволил да биде поканет на ловечки патувања и скапи вечери и ручеци од странски лобисти, без, како што е објавено, тоа и да го пријави, пренесува австрискиот јавен сервис „ОРФ“ и весникот „Стандард“.

Весникот наведува дека Хан ја прифатил поканата да оди на лов со белгиските лобисти во декември 2015 година и посочува дека Кодексот на однесување го обврзал да ја пријави до Европската комисија поканата што ја добил од лобистот „Сопственик на земјиште“ (ELO).

Неименуван портпарол на Хан изјавил за „ОРФ“ и „Стандард“ дека повикот бил чисто од приватна природа. Тој кажа дека во ловот учествувал со тогашната партнерка, која поседува дозвола за лов.

Хан смета дека не било потребно таа покана да се пријави во регистарот за транспарентност.

Според „Стандард“, австрискиот комесар се поврзува и со други ситуации со судир на интереси.

Така, тој во јуни годинава дури три пати ручал или вечерал со претставничката на Австрија во ревизорската комисија, Хелга Бергер.

Некогаш бил и од придружуван од неговата сегашна партнерка Сузана Рис-Пасер, поранешна вицеканцеларка.

Според весникот, Бергер платила во ресторанот и ја препратила сметката за наплата до Комисијата за ревизија.

Од Кабинетот на Хан велат дека ваквите средби се дел од редовната размена на мислења меѓу комесари и претставници на институции и организации и дека ниту за тоа не требало да се известува.

Слични содржини