Синот на Гадафи се уште може да се кандидира за претседател на Либија

од Vladimir Zorba
212 прегледи

Либискиот суд денеска ја поништи одлуката на највисокото изборно тело во земјата, со која синот на покојниот либиски лидер Моамер Гадафи му беше оневозможено да учествува на претстојните претседателски избори.

Апелацискиот совет на судот во провинцијата Сабха пресуди во корист на Сеиф ал Ислам, ја отфрли одлуката на изборната комисија и му дозволи на синот на Моамер Гадафи да се кандидира на претседателските избори, врз основа на извештаите на либиските медиуми.

По речиси една недела напнатост и силни интервенции на меѓународната заедница, судските службеници денеска конечно влегоа во канцелариите и веднаш ја отфрлија одлуката на изборната комисија, според која на синот на Гадафи му беше одбиено барањето да се кандидира на претседателските избори поради претходни судски процеси.

Саиф ал Ислам беше осуден на смрт од страна на судот во Триполи во 2015 година за употреба на насилство врз демонстрантите кои бараа оставка од неговиот татко, но ривалските либиски власти се сомневаа во одлуката.

Тој е баран и од Меѓународниот кривичен суд под обвинение за злосторства против човештвото во врска со бунтот.

Претседателските избори во Либија се закажани за 24 декември, по неколкугодишни обиди предводени од Обединетите нации да се воспостави демократија и да се стави крај на војната, во услови на повремени судири меѓу вооружените групи, длабок јаз меѓу истокот и западот и присуството на илјадници странски борци и војници. соопшти агенцијата.

Слични содржини