269
МВР информира дека 21-годишна девојка пријавила во полиција дека била обљубена од пријател на нејзиното поранешно момче.
Како што рекла, инцидентот се случил вчера на подрачјето на скопската населба Кисела Вода.
„ На 03.12.2021 во 18.00 часот К.Н.(21) од Скопје пријавила дека на подрачјето на Кисела Вода ѝ била извршена обљуба од Д.Ѓ., кој бил пријател на нејзиното поранешно момче. Се работи на целосно расчистување на случајот“ соопшти полицијата.