Австралија: Одобрена вакцината на Фајзер за деца

од Vladimir Zorba
171 прегледи

Австралиската регулаторна агенција денеска одобри привремена вакцина „Фајзер“ против „Ковид 19“ за деца на возраст од пет до 11 години, а министерот за здравство Грег Хант рече дека имунизацијата може да започне на 10 јануари.

Хант рече дека регулаторната администрација „направи внимателна и темелна проценка и утврди дека вакцината е безбедна и ефикасна и дека е во интерес на австралиските деца на возраст од пет до 11 години да се вакцинираат“.

Австралија стана една од водечките земји во светот во однос на стапката на вакцинација по првичното одложување на програмата за имунизација против Ковид-19. Скоро 88 проценти од возрасната популација на возраст над 16 години примиле две дози.

Високата стапка на вакцинација помогна да се спречи ширењето на вирусот и да се поттикне брзото економско закрепнување.

Нов Јужен Велс, земјата со најголема популација, денеска регистрираше уште два случаи на варијантата „омикрон“, а сега има вкупно 15.

Се уште не е познато дали и колку вакцините се ефективни против овој вид.

Слични содржини