290
Водечкиот американски инфектолог Ентони Фаучи рече дека допрва треба да се утврди колку е опасен видот „омикрон“ на коронавирусот, но додаде дека првите показатели од Јужна Африка, каде што е откриен видот, се „охрабрувачки“.
Фаучи за Си-Ен-Ен изјави дека е јасно дека „омикрон“ е позаразен, но дека е премногу рано да се направи конечна проценка за тоа колку е опасен.
„Навистина мора да бидеме внимателни пред да дојдеме до каков било заклучок дека „омикрон“ е помалку сериозен или не предизвикува тешка клиничка слика во споредба со видот „делта“, рече Фаучи.