Германија ќе воведе задолжителна вакцинација за вработените во здравството

од Nikola Popovski
284 прегледи

Идната германска влада сака вакцината против коронавирус да биде задолжителна за сите вработени во болниците, домовите за стари и немоќни лица и другите здравствени институции од 16 март, според нацрт-законот до кој Ројтерс имал пристап.

Германија досега се воздржуваше од воведување задолжителна вакцинација поради страв од недостиг на медицински персонал и негувателки. Но, поддршката за овој потег се зголеми откако земјата се соочи со зголемување на случаите на инфекција во четвртиот бран на пандемијата.

Социјалдемократите, Зелените и Либерално-демократската партија, кои треба да ја претстават новата влада во среда, имаат намера да поднесат нов закон до парламентот следната недела.

Слични содржини