Кулеба: Ако има руска инвазија ќе има многу мртви руски војници

од Milan1
295 прегледи

Министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба изјави дека многу руски војници ќе загинат доколку Русија изврши инвазија на неговата земја.

„Тие (САД и нивните сојузници) можат економски да ја нападнат Русија. Ние би се бореле на теренот. Жал ми е што го кажувам ова, но ќе има многу убиени руски војници, се надевам дека претседателот Путин не сака тоа да се случи “, изјави Кулеба за време на официјалната посета на Велика Британија.

Шефот на украинската дипломатија изјави дека работи со сојузниците како САД и Велика Британија на начини како да се одбие Кремљ, но стави до знаење дека украинската армија е подготвена да ја брани земјата.

Слични содржини