Патот до метаверзумот минува низ обични очила

од Vladimir Zorba
364 прегледи

Додека Facebook сè уште се обидува да му објасни на светот што е метапростор, или метаверзум, некои други веројатно ќе можат да ги привлечат корисниците кон идејата за побрзо и поуспешно виртуелизирање на светот. Snap ја гледа иднината како мешавина од реална и виртуелна реалност. Водечка улога за оваа намена ќе имаат скромните очила со леќи.

Во текот на изминатите четири години, компанијата собра мала „армија“ од уметници, развивачи и ентузијасти за проширена реалност за да изгради огромна библиотека со AR ефекти. Клучот за спроведување на идејата се креаторите на леќите. Компанијата лансира нови алатки кои им овозможуваат на уметниците и програмерите да прават мини-апликации во леќи. Во исто време, компанијата работи да ја донесе својата најнова AR иновација во повеќе раце: очила од следната генерација кои имаат AR дисплеи.

Целта, според Софија Домингез, шеф на партнерства на AR платформата на Snap, е да се прошират начините на кои може да се користи AR, додека искуството ќе биде директно поврзано со реалниот свет, а не со метапросторот. „Не сакате да избегате во друг свет“, изјави таа за Engadget за филозофијата на Snap. „За нас, светот околу нас е магичен – и има многу да се научи од него. Наместо да го транспортира корисникот во целосно виртуелни светови, компанијата се стреми да обезбеди искуства, кои гo премостуваат дигиталното и физичкото.

Засега, Snap ги остава креаторите смело и бескрајно да експериментираат со тоа што точно може да биде „корисен“ објектив за проширена реалност. Воведува голем број нови алатки за да им помогне да изградат мешана реалност. На својот годишен Lens Fest, Snap ја претстави и новата верзија на Lens Studio, софтвер за развој на AR објективи.

До што води ова? Различни корисни мини-апликации може да се вградат во леќите. На пример, може да има објективи со можности за превод во реално време преку iTranslate. Друга можност се „паметните“ леќи да обезбедуваат информации во реално време за криптовалута користејќи податоци од крипто-платформа како што е FTX. Леќите можат да „проектираат“ временски податоци (на пример преку Accuweather) или информации за берзата.

Генерално, идејата е да се создадат очила преку кои го гледаме реалниот свет, но на живите слики се „поставуваат“ виртуелни – контекстуални информации за светот околу нас. На пример, еден програмер неодамна покажа концепт во кој гледањето низ прозорецот на возот може да покаже детали за тоа каде се наоѓа патникот на рутата до својата дестинација, какво е времето надвор, какво време ги чека на местото каде што ќе пристигне.

Креаторот Брил Гарсија, кој исто така експериментира со очилата Snap-Spectacles, неодамна го претстави концептот на AR мени што им овозможува на посетителите на рестораните да гледаат 3D модели на понудените јадења. Седејќи на масата, тие можат да „вртат“ виртуелен „послужавник“ и да видат салати, предјадења, храна и десерти во природна големина – токму онака како што би биле послужени.

„Кога размислувате за тоа што би ги натерало луѓето да стават очила и да ги носат секој ден, ова се работите, за кои ги проверувате вашите апликации денес“, вели Домингез. Таа смета дека е одлично за повеќе пронаоѓачи да испробуваат различни ситуации и можности во кои очилата за проширена реалност би биле корисни.

Во оваа фаза, се разбира, сè е повеќе експеримент. Причината зошто AR очилата не се продаваат масовно, а веројатно не наскоро, се должи на некои хардверски ограничувања. Траењето на батеријата е ограничено, а самите очила се, благо кажано, чудни по изглед.

Искуството на други компании кои веќе имаат развиено AR очила за индустриски апликации веројатно ќе биде корисно за справување со овој проблем. Некои од нив, како оние на Vuzix, изгледаат се помалку „дрвено“ и грдо. Сè повеќе личат на обични (диоптриски) очила – и се полесни.

Во исто време, практиката покажува дека се повеќе и повеќе удобности можат да се интегрираат во очилата. На пример, очилата може да имаат вградени мини-камери, звучници и микрофони. Присуството на камера обично доведува до појава, на страната на очилата, на копче за фотографирање, така што едно лице може да направи фотографија или видео од околината. Не е незамисливо да се инсталираат различни типови на скенери.

Има причина да се верува дека очилата со „паметни“ леќи ќе бидат прифатени побрзо и полесно од потрошувачите, бидејќи тие не ги одвојуваат од реалноста околу нив, туку напротив, ја комплетираат со помош на виртуелни алатки. Доколку бараните информации, кои нè тераат да гледаме во екранот на нашиот паметен телефон, се постојано пред нашите очи, тоа на луѓето би им дало поголема слобода и многу нови можности.

„Работев на секоја генерација очила и тоа е најзабавно“, рече Дејвид Мејзенхолдер, сениор дизајнер на производи во Snap, посочувајќи на блиската соработка на компанијата со нејзината заедница за производство на леќи. „Исто така, учиме колку треба да направиме за да ги направиме совршени потрошувачките очила за во иднина“.

Слични содржини