Три месеци немаат плата, ССМ бара да им се исплатат заостанатите плати на вработените во „Колска“

од Берта Китинска
222 прегледи

Сојузот на синдикати на Македонија бара од надлежните институции да ги преземат сите мерки за работниците од фабриката за шински возила од Велес да ги добијат заостанатите плати.

Вработени во фабриката веќе неколку дена штрајкуваат, а денеска поддршка им дадоа и претседателот на ССМ Дарко Димовски и секретарот на Советот на ССМ Златко Цветковски.

– Осумдесет и седум работници на фабриката за шински возила „Велес” со блокада на железничката пруга го изразуваат својот револт кон Владата, Министерството за транспорт и врски и Управата за јавни приходи, поради доцнење на платите. Патничките возови за Гевгелија и за Скопје  беа блокирани на железничката станица во Велес, се вели во соопштението од ССМ.

Вработените од фабриката за шински возила „Колска“ вчеа  го блокираа патничкиот железнички сообраќај на станицата во Велес.

Фабриката за шински возила „Колска“ постои веќе 105 години, а таа е единствен ваков капацитет во земјава кој може да поправа патнички и товарни вагони.

Слични содржини