Една од најубавите српски планини, Златибор, и оваа година ќе биде преполна од туристи за новогодишните празници нудејќи им на гостите добра забава.Но, Златибор и оваа година нема да отстапи од традицијата кога се во прашање цените на приватното сместување.
Деновиве огласите се преполни со понуди за изнајмување станови на оваа планина, а меѓу нив се и оние на кои е потребно длабоко да ја ставите раката во џеб. Како што стојат работите, за некои станови од понова градба во најстрогиот центар на Златибор се бараат 100 евра дневно, понекогаш и повеќе. Така, за тридневен престој во нив ќе треба да платите 300 евра. Сопствениците тврдат дека денес тоа е „нормална цена“, имајќи ја предвид побарувачката.
Кога ќе ги погледнете огласите подетално, не се работи за големи станови, туку за оние од околу 50 квадрати, па дури и за помали. За тие пари гостите понекогаш можат да сметаат на услугите на спа центарот во тој објект, под услов сопственикот на центарот да биде и сопственик на станот.
Како што објаснува еден од издавачите на сместување на Златибор, ова е ценовникот кој сега важи.
„ Праксата покажа дека во пресрет на Нова година кога гостите кои не резервирале сместување на време не прашуваат колку чини. Ќе видиме дали така ќе биде и сега “, вели издавачот на сместување на Златибор, кој најави изнајмување на неговиот стан во центарот на планината.
Тој вели дека веднаш по празниците ќе паднат цените на половина.
Оние гости кои ќе решат да престојуваат во поширокиот центар на планината, каде за стан се бараат 50 евра, а во населбите во втората и третата зона околу 35 евра, ќе бидат дури половина поевтини.