Новиот германски канцелар Олаф Шолц во петокот телефонски разговарал со американскиот претседател Џо Бајден.
Портпаролот на германската влада изјави дека двајцата лидери ги потврдиле блиските врски меѓу Берлин и Вашингтон и ја изразиле својата намера за дополнително зајакнување на алијансата.
Тие, исто така, се согласиле дека трансатлантското пријателство е неопходно за да се надминат сегашните и идните предизвици.
Бајден на Твитер објави дека разговарал со Шолц и му ја честитал победата.
„Со нетрпение очекувам да работам блиску на низа глобални предизвици, вклучително и трансатлантските напори за справување со дестабилизирачкото воено натрупање на Русија долж границата со Украина“, рече Бајден.
Today, I spoke with German Chancellor Olaf Scholz to congratulate him on his appointment. I look forward to working closely together on the full range of global challenges, including transatlantic efforts to address Russia’s destabilizing military buildup along Ukraine’s border. pic.twitter.com/Uyc5mTyqR7
— President Biden (@POTUS) December 10, 2021
Белата куќа во соопштението наведе дека Бајден ја истакнал својата поддршка за „силните односи“ со Германија и натамошното зајакнување на трансатлантската соработка.
Двајцата лидери разговарале за глобалните предизвици како што се климатските промени и пандемијата на коронавирус, како и акумулацијата на руски војници на границата со Украина, соопшти Белата куќа.