Николоски: Ова што го прави Бугарија е политика на 19 век

од Берта Китинска
268 прегледи

Граѓаните заслужуваат влез во ЕУ. Ова што го прави Бугарија е политика на 19 век. Состојбите кај нас внатре во државата не се најидеални. Да ги реализираше Зоран Заев само две од ветувањата меѓу кои владеење на правото, сега ќе имавме други позиции кон Бугарија, вели  вели за „Утрински брифинг“ потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ, Александар Николоски.

Поентата на Бугарија е да докаже дека не се само тие против влезот на Македонија во ЕУ. Тука е и прашањето со корупцијата. Во претходната влада Македонија се најде на 60то место а сега е над 100-то место.

Бугарија е најсиромашна земја во ЕУ и членките имаат милиони механизми како да влијаат врз неа. Но ако се остави на нас и на Софија ова може да трае до недоглед. Позицијата на Софија е или или, или сте Бугари и ќе добиете одблокирање на процесот или сте Македонци и ќе седите во изолација, вели Николоски.

Мислам дека комуникација меѓу двете најголеми политички партии мора да има. Процесот на поларизација отиде предалеку. Сметам дека треба да се направи еден разговор на кој ќе се определи датум на предвремени парламентарни избори.

– Апсолутно е потребен разговор за да се реши моменталната политичка криза. Прашање број еден е кое што треба да се одговори пред јавноста е дали оваа влада ќе продолжи или не. Доколку нема вонредни избори улицата е секогаш природна средина на опозицијата, вели Николвски.

 

 

Слични содржини