Акциите на Microsoft Corp. паднаа во вторникот, при што софтверската компанија го предводи падот на акциите на интернет и технолошките компании.
Акциите паднаа за 3,3% во најголемата еднодневна загуба од септември. Падот за тој ден избриша повеќе од 80 милијарди долари од пазарното вреднување на компанијата. Сепак, и покрај падот, Microsoft останува во плус од 45% оваа година.
Падот за тој ден дојде во силно негативна сесија за американските акции, што ги следеше најновите податоци за инфлацијата и доаѓа во пресрет на клучните одлуки на централната банка, особено Федералните резерви на САД, кои се очекува да се префрлат на посилна позиција во среда.
S&P 500 падна за 0,7%, додека технолошкиот Nasdaq 100 падна за 1%.
Меѓу другите значајни имиња, Alphabet Inc. изгуби 1,3% од вредноста, Amazon.com Inc. 0,3%, а Meta Platforms Inc. падна за 0,2%. Apple Inc. за 0,8% и покрај надградбата од Bank of America.