Продажбите на Zara ги надминаа нивоата пред кризата

од Vladimir Zorba
335 прегледи

Продажбата на сопственикот на Zara, Inditex не само што се врати на нивоата пред пандемијата, туку ги надмина, искористувајќи го закрепнувањето на побарувачката и покрај предизвиците во синџирите на снабдување, според „Ројтерс“.

Шпански Inditex, најголемиот светски моден трговец на мало, во средата објави дека продажбата во постојана валута се зголемила за 10% од нивото од 2019 година во кварталот до крајот на октомври. Тие продолжија да растат со исто темпо до 10 декември, поддржани од силната онлајн побарувачка.

„Закрепнувањето продолжува да добива на интензитет“, се вели во соопштението на директорот за пазари на капитал во Inditex, Маркос Лопез.

Компаниите се борат да обезбедат производи и суровини во стабилно глобално економско закрепнување, додека пандемијата продолжува да го нарушува секојдневниот живот во некои делови од светот.

Inditex, чии брендови ги вклучуваат и Massimo Dutti, Bershka и Pull & Bear, произведува повеќе од половина од своите производи во близина на својата база во Шпанија и ги доставува до потрошувачите побрзо од конкурентите, спасувајќи се од најлошото од кризата во синџирот на снабдување.

Шпанската компанија објави продажба од 7,3 милијарди евра и нето добивка од 1,2 милијарди евра за периодот август-октомври – третиот квартал од нејзината финансиска година, што е во согласност со очекувањата на аналитичарите.

Таа рече дека онлајн продажбата за првите девет месеци од нејзината фискална година се зголемила за 124% во споредба со истиот период во 2019 година и очекува тие да формираат над 25% од вкупната продажба за целата година.

Сепак, аналитичарите на Credit Suisse рекоа дека бруто-маржите на компанијата се малку пониски од очекуваните.

Акциите на Inditex паднаа за околу 2% во раната трговија.

Inditex прави промени во највисокото раководство, а Марија Ортега, ќерката на основачот и милијардер Амансио Ортега, ќе ја преземе функцијата претседател следниот април.

„Можеме да кажеме дека ова е многу здрава еволуција за бизнисот на глобално ниво“, рече Пабло Исла, кој ќе остане извршен претседател до 31 март.

„Имаме апсолутна доверба во нашиот уникатен деловен модел“, додаде тој во онлајн интервју со аналитичарите.

Слични содржини