Супер тајфун направи хаос на Филипините, ударите на ветерот 260 километри на час (ВИДЕО)

од Milan1
311 прегледи

Десетици илјади луѓе се евакуирани од своите домови на Филипините додека архипелагот се подготвува за супертајфунот Раи, локално познат како Одета, кој пристигна на источниот брег на земјата.

Невремето брзо се засили и од тајфун прерасна во супертајфун. До моментот кога стигнал до островот Сиаргао во централниот источен брег, тој достигнал постојани ветрови од 260 километри на час, со удари од над 300 километри на час,  што е еквивалентно на категоријата 5. урагани во Атлантикот.

Делови од Филипините се подложни на обилни врнежи од почетокот на неделата, а во вторникот се излеа реката Агаи-Ајан, поплавувајќи ги улиците и куќите со матна кафена вода.

Се очекува невремето да помине низ централниот и јужниот регион на земјава. Најпогодена се очекува да биде провинцијата Суригао, која се наоѓа во северниот дел на Минданао, еден од најголемите острови во земјата.

Слични содржини