Гарантирам дека во јануари цената нема да се покачи на ниво на кое одредени медиуми или, пак, поединци сакаат да го покажат за да креираат страв кај народот. Ние како што докажавме на 1 јули и на 1 јануари ќе докажеме дека цената ќе биде се уште најниска во целиот регион и ќе обезбедиме доволно електрична енергија за да продолжи да тече нормалниот живот онака како што треба, изјави Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.
Посочи дека Владата се обидува да наоѓа системски решенија за електричната енергија.
-Сме кажале дека се залагаме за електрична енергија која е малку штетна за живото на граѓаните т.е. зелена енергија. Секако таа зелена енергија има повисока цена, но во овој момент тоа не е битно. Битно е дали имаме доволно електрична енергија заради целокупните движења, рече Битиќи.