Забрана за алкохол, нема смеење, ниту плачење: Како се чествува годишнината од смртта на Ким Џонг-Ил во Северна Кореја?

од Nikola Popovski
345 прегледи

Утре во Северна Кореја ќе се одбележи десетгодишнината од смртта на поранешниот лидер Ким Џонг-Ил, а во периодот на 11-дневната жалост на граѓаните ќе им се забрани многу работи.

Радио Слободна Азија (РФА) известува дека Севернокорејците мора да се воздржуваат од алкохол, шопинг, па дури и смеење во овој период.

Ким Џонг-Ил беше врховен лидер на Северна Кореја од 1994 до 2011 година, кога почина на 70-годишна возраст, а го наследи неговиот најмлад син Ким Јонг-Ун.

Иако севернокорејската влада вообичаено одржува десетдневна жалост, овој период е продолжен на уште 24 часа по повод десетгодишнината од смртта на поранешниот лидер.

„Алкохоличарите беа третирани како идеолошки криминалци, се одведени и никогаш повеќе не се видени“

Во интервју за РФА, Кореец од градот Синуи на североисточната граница изјави дека „во периодот на жалост не им е дозволено да пијат алкохол, да се смеат или да се занимаваат со слободни активности“.

Тој појасни дека многу активности се забранети, особено на денот на годишнината, кога е забрането и купувањето намирници.

„Во минатото, многу луѓе фатени под дејство на алкохол за време на периодот на жалост беа апсени и третирани како идеолошки криминалци“, рече тој.

„Тие беа однесени и никогаш повеќе не се видени. Луѓето не смеат да слават родендени, не смеете да плачете ако некој ваш почине за време на деновите на жалост“, додава жителот.

Друг извор, жител на западната провинција Јужен Хвангае, откри дека полицијата била однапред предупредена да внимава на луѓето кои се чини дека не тагуваат.

„Тие ќе имаат посебна должност да се справуваат со оние кои го нарушуваат расположението на колективната тага. Тоа е посебна должност на полицијата која трае еден месец. Слушнав дека полицајците воопшто не можат да спијат“, изјавил Севернокореецот.

Фото: Kyodo/Newscom / Profimedia

Слични содржини