Почнува нов проект за зачувување на биолошката разновидност

од Берта Китинска
219 прегледи

Mинистерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини и раководителот на Програмата на Обединетите Нации за животна средина (УНЕП) од Виена, Харалд Егерер, денеска го отворија воведниот состанок за ГЕФ/УНЕП проектот „Зачувување на биолошката разновидност, одржливо управување со земјиштето и развој на одржлив туризам во Северна Македонија” (GEF7), најавувајќи ја неговата подготвителна фаза.

-На состанокот беа презентирани предложените проектни цели, предлог проектните компоненти, очекуваните резултати, работниот план за спроведување на подготивтелната фаза, како и процесот на вклучување на засегнатите страни и постапките и барањата на GEF. Беше презентирана и состојбата со биолошката разновидност и деградацијата на земјиштето во нашата држава, како и статусот, планираните активности и перспективи идентификувани со нацрт планот за управување со НП Шар Планина.

Новиот проект е финансиран од Глобалниот фонд за животна средина (ГЕФ), а ќе се имплементира преку Програмата за животна средина на ООН (УНЕП) и Министерството за животна средина и просторно планирање. Истиот треба да даде поддршка во националните и локалните напори за постигнување на националните цели за неутралност на деградација на земјиштето и зачувување на биолошката разновидност во Северна Македонија, преку интегрирано управување со пределите.

Зголемувањето на територијата на заштитени подрачја во државата со прогласувањето во текот на изминатава 2021 г. на Осогово и од неодамна и Малешево за заштитен предел и дел од Шар Планина за национален парк ја достигна бројката од 13.8% од севкупната територија на државата, но допрва стои предизвикот за ставање на функција на механизмите за заштита во заштитените подрачја. ГЕФ/УНЕП проектите се подолг период присутни во Република Северна Mакедонија, особено во делот на заштита на Шар Планина, но проектот ГЕФ 7 цели кон постигнување бенефити за природата на целата територија на државата и синергија со другите програми за заштита на природата кои се имплементираат кај нас, информираат од министерството.

Слични содржини