Агенција за лекови и медицински помагала (МАЛМЕД) соопшти дека рокот на вакцините на „Фајзер“ е продолжен од шест на девет месеци.
„Збирниот извештај за особините на лекот и Упатството за употреба следствено се ажурирани и во нив е наведен новиот рок на употреба на замрзнатите вијали, кој е продолжен од шест месеци на девет месеци. Условите за чување остануваат непроменети (на температура од-90 Целзиусови степени до-60 Целзиусови степени). Во рамки на рокот на употреба од девет месеци неотворените вијали може да се чуваат и транспортираат на температура од-25 до-15 Целзиусови степени еднократен период од најмногу две недели и може да се вратат на температура од-90 до-60 Целзиусови степени“, велат од Малмед.
Зеленото светло од МАЛМЕД следува откако претходно рокот го продолжи Европската агенција за лекови (ЕМА) и пристигнала документација до македонските регулаторни тела од производителот „Фајзер“.