Кога станува збор за регионот на Западен Балкан, гледам четири предизвици. Најнепосреден е Северна Македонија и Албанија што поскоро да ги започнат пристапните преговори со ЕУ.Најсериозен проблем е кризата во БиХ. Предизвик од најголема стратешка важност е нормализацијата на односите меѓу Белград и Приштина, изјави специјалниот пратеник на ЕУ за дијалогот Србија-Косово и други балкански прашања, Мирослав Лајчак.
Тој посочи дека предизвикот што го смета за најсуштински е прашањето каков ќе биде Балканот.
„Дали ќе има Балкан кој ги споделува европските вредности, промовира демократија и владеење на правото, се бори против корупцијата и има независни медиуми и граѓанско општество? Или ќе добиеме општества каде ништо од ова не постои без некаква авторитетна влада, без почитување на европските вредности. “, изјави Лајчак.