УШТЕ ЕДНА ЕВРОПСКА ЗЕМЈА ВОВЕДУВА СТРОГИ МЕРКИ: Новите ограничувања ќе траат подолго од 30 дена

од Берта Китинска
265 прегледи

Од понеделник Швајцарија ќе ги заостри рестриктивните мерки поради коронавирусот и појавата на новиот сој.

Според најавите, од вработените ќе се бара да работат од дома, а влезот во затворени простории ќе биде ограничен.

Новите мерки, кои ќе бидат во сила до 24 јануари, ќе бараат доказ за вакцинација или за прележан вирус, за влез во затворени простории, вклучително и ресторани, пренесува „Ројтерс“.

Посетителите на дискотеките и баровите ќе мора да испратат негативен тест на коронавирус бидејќи луѓето таму имаат помала веројатност да носат маски, пишува „Гардијан“.

Според новите мерки, луѓето ќе работат од дома, а приватните собири ќе бидат ограничени на десет лица доколку некој од присутните на возраст над 16 години не бил вакциниран или не се заразил од коронавирусот.

Слични содржини