Двајца мажи и две деца загинаа утринава кога мал авион се урна во близина на брегот на Квинсленд, Австралија.
Во тек е истрага зошто авион со четири седишта се урна веднаш по полетувањето од аеродромот во Редклиф, североисточно од Бризбејн.
На местото на несреќата се пронајдени четири тела, меѓу кои и 69-годишен пилот.
Полицијата не го утврди идентитетот на уште еден маж и две деца кои загинаа, но се верува дека тие не се поврзани со пилотот.
Началникот на полицијата Крег Вајт изјави дека членовите на семејството на пилотот биле на аеродромот во моментот на несреќата, пишува Гардијан.