Катастрофа во Кина: Се урна мост на автопат, загинаа најмалку четири лица

од Vladimir Zorba
343 прегледи

Четири лица загинаа, а осум други се повредени кога се урна дел од рампата на мостот во градот Ежу, во централната кинеска провинција Хубеи, јави официјалната новинска агенција „Ксинхуа“.

Мостот се урна преку автопатот, при што паднаа три камиони, додека еден автомобил беше смачкан под него.

Истрагата е во тек.

Во моментот на инцидентот на мостот се изведувале работи.

Слични содржини