Фаучи: „Омикрон“ беснее по светот, примете „бустер“ доза

од Vladimir Zorba
407 прегледи

Водечкиот американски епидемиолог и медицински советник во Белата куќа, Ентони Фаучи, ги повика Американците кои имаат намера да патуваат за време на претстојните празници да добијат дополнителна доза од вакцината против коронавирус и да носат маски на преполни јавни места.

„Лесно преносливиот вид „омикрон“ беснее во светот, а патувањето ќе го зголеми ризикот од инфекција дури и кај вакцинираните“, изјави Фаучи за NBC.

Тој посочи дека нема сомнеж оти вирусот ќе се шири.

„Омикрон“ досега е потврден во повеќе од 20 американски држави и околу 90 земји, а беше откриен во Јужна Африка кон крајот на ноември.

Слични содржини