Се воведува нова категорија: Емиратите ја укинаа цензурата на филмовите во кината

од Берта Китинска
256 прегледи

Филмовите прикажани во кината во Обединетите Арапски Емирати повеќе нема да бидат цензурирани, објавија властите, најавувајќи создавање на нова категорија филмови што ќе бидат забранети за лица до 21 година.

Филмовите со рејтинг од 21+ „ќе бидат прикажани во нивната меѓународна верзија со строга контрола на почитувањето на старосните ограничувања, објави Канцеларијата за регулација на медиумите на својот профил на Твитер.

Цензурата е широко распространета практика во арапскиот свет, особено во многу конзервативниот регион на Заливот.

Сцените од филмовите за кои цензорите веруваат дека може да ги прекршат локалните обичаи често се сечат за време на монтажата или им е забрането да се прикажува целиот филм.

Емиратите во последните години почнаа голем проект за модернизирање на постојните регулативи бидејќи сакаат да станат една од најотворените земји во Персискиот Залив.