Корона-криминал: Околу 182 илјади лажни сертификати во Франција

од Nikola Popovski
245 прегледи

Околу 182.000 фалсификувани ковид-сертификати се појавија во Франција, соопшти владата, засилувајќи ги контролите додека земјата се бори со новиот бран на Ковид-19 и особено заразниот сој омикрон.

Во четвртокот официјално беше објавено дека во земјава циркулираат 110.000 фалсификувани сертификати. Министерот за внатрешни работи Џералд Дарманин истиот ден изјави дека се уапсени околу сто лица, корисници на пропусници и шверцери.

Во петокот, агенцијата Франс прес од добро информиран извор дозна дека синџирот што фалсификувал меѓу 5.000 и 10.000 пропусници за Ковид е прекинат на почетокот на ноември, при што биле заработени два милиони евра.

Според првите резултати од истрагата, фалсификаторите ги пронашле личните податоци на корисниците на веб-страницата на фармацевтското здружение.

На 15 ноември, владата побара од пациентите со лажна пропусница, хоспитализирани поради Ковид-19, тоа да го пријават на лекарите бидејќи „лекувањето не е исто“.

Неколку дена претходно, 57-годишна жена која набавила лажен ковид-документ и му кажала на медицинскиот персонал дека била вакцинирана, починала од Ковид-19 во болница во близина на Париз.

-Таа имаше тешка форма на болеста што „брзо доведедо акутен респираторен синдром“ и ако лекарите знаеа дека не била вакцинирана, можеа веднаш да и дадат „антитела“, рече Џилали Анане, директор на одделението за интензивна нега во болницата.

Слични содржини