265
МВР информираше деа синоќа во околу 04:15 часот во СВР Скопје, 29-годишниот Ф.С. од Скопје пријавил дека слушнал експлозија, по што забележал дека пред зграда на подрачјето на Чаир настанал пожар во неговото патничко возило „фиат пунто“, со скопски регистарски ознаки.
Од пожарот биле зафатени и патничко возило „цитроен“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на Е.Т.(50) од Скопје и патничко возило „шкода октавија“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на В.Р.(38) од Скопје.
Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна бригада Скопје.
Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.