Израел најавува четврта доза за лицата над 60 години и здравствените работници

од Nikola Popovski
293 прегледи

Израел во вторникот објави дека ќе понуди четврта доза од вакцината против коронавирус на луѓе постари од 60 години и здравствените работници, поради страв од ширење на сојот омикрон.

-Граѓаните на Израел први во светот ја примија третата доза од вакцината Ковид-19 и ние продолжуваме да предводиме со четвртата доза“, се вели во соопштението на премиерот Нафтали Бенет.

Тој ги повика оние кои ги исполнуваат критериумите да се вакцинираат.

Израел во вторникот објави дека ја забележал својата прва смрт предизвикана од омикрон, досега најзаразен сој на коронавирусот. Еден постар човек почина во понеделникот во Виршева.

Пациентот боледувал од други болести, два пати бил вакциниран, но не ја примил третата, т.н бустер доза.

Слични содржини