Научниците открија зачуван ембрион од диносаурус во Кина, кој требаше да се изведе од јајце пред најмалку 66 милиони години. Фосилот на овирапторосаурусот бил откриен во областа Ганжу, а истражувачите го нарекле „Бебето Џинглијанг“.
„Ова е еден од најдобро сочуваните ембриони на диносауруси пронајдени досега“, изјавила за АФП, Фион Вајсум Ма од Универзитетот во Бирмингем и коавторка на студии објавена во „iScience“.
„Бебето Џинглијанг“ е пронајдено со свиткан грб и стапала од двете страни на главата, која била вовлечена кон стомакот.
Оваа позиција никогаш не била видена кај диносаурусите, но е добро позната кај птиците.
Кога се подготвуваат да се изведат, птичјите ембриони ја стабилизираат главата под крилјата, додека со клунот ги пробиваат лушпите. Оние кои не успеваат да се стават во таа позиција имаат поголем ризик да не се изведат.
Овирапторите, чие име значи „крадец на јајца“, биле диносауруси со пердуви кои живееле во Азија и Северна Америка.
Имале различни форми на клунови и исхрана, а се движеле во големина од мајмуни до огромни џиновски желки долги и до осум метри.