Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека Русија никогаш не нападнала никого прва, одговарајќи на обвинувањата на западните политичари во врска со наводната закана за Украина.
– Русија никогаш прва не нападнала – рече Песков за ТВ каналот „Русија-1“ во коментар на изјавата дека во последно време, на Запад и во Украина, се повеќе се изнесуваат тврдења за наводна можна руска „инвазија“ на украинска територија, пренесе ТАСС.
Официјален Кремљ таквите информации ги опиша како празна и неоснована ескалација на тензиите и посочи дека Русија не претставува закана за никого.
Песков не ја исклучи можноста за подметнати провокации, кои, според него, ќе ги оправдаат таквите тврдења и предупреди дека обидите за решавање на проблемот во југоисточна Украина со употреба на сила ќе имаат тешки последици, наведува ТАСС.
Според него, Москва прави се што е во нејзина моќ за да му помогне на Киев да го реши конфликтот во Донбас, притоа придржувајќи се до Нормандискиот формат и Договорот од Минск.