Мишко Ралев и Леонид Наков дел од ЦО СДСМ дознава Локално

од Milan1
437 прегледи

Архитектот Мишко Ралев и  професорот Леонид Наков ќе бидат дел од новиот Цeнтрален одбор на СДСМ, дознава Локално. Мишко Ралев, е професор и декан на факултет за архитектура и дизајн, при УАКС, а воедно и претседател на Асоцијацијата на архитекти на Македонија, а Леонид Наков е професор на економскиот факултет при УКИМ.

Како дел од новите раководни структури ќе бидат и Андреј Петров и Игор Ивановски Шема.

Се видовме и разговаравме со Димитар Ковачевски, но сè уште не ми е познато каков ќе биде мојот ангажман во партијата, изјавил за НоваТВ поранешниот пратеник и поранешен градоначалник на Општина Карпош од редовите на СДСМ, Андреј Петров.

– Да, разговаравме со претседателот Ковачевски, но не зборувавме за тоа на која позиција ќе бидам поставен. И јас ги читам написите, но ајде да почекаме до утре, оставам на Ковачевски и на органите и телата на партијата да го утврдат тоа,  изјавил Петров.

Повторно активирање во СДСМ се очекува и од Игор Ивановски Шема.

Социјалдемократите утре одржуваат Централен одбор на кој се очекува да биде предложено ново партиско раководство и да биде промовиран Советот за креирање и имплементација на политики, со кој би раководел поранешниот пратеник на СДСМ, Игор Ивановски-Шема.

Утре СДСМ треба да избере и четворица потпретседатели на партијата.