„Понекогаш имам чувство дека доброто моторно масло ни е поважно од доброто масло за салата“, вели министерот за земјоделство Џем Оздемир. Тој сака луѓето да се хранат поздраво. А за тоа, вели политичарот од партијата на Зелените, треба да платат повеќе.
„Германија генерално се храни премногу нездраво“, рече министерот за земјоделство Џам Оздемир.
Тој вели дека повеќе од 50 отсто од возрасните се со прекумерна тежина.
„Причината за тоа е премногу шеќер, масти и сол, а пред се готови производи. Предолго, политичарите се обидуваат да ја мотивираат економијата да се заложи за намалување на уделот на овие состојки. Тоа сега е готово. Тоа ќе биде обврзувачко за мене“, изјави политичарот од Зелените, пренесува ДВ.
Според него, треба да се зголемат и цените на храната и земјоделските производи.
„Храната веќе не може да се продава за ништо, бидејќи ги уништува руралните имоти, го загрозува благосостојбата на животните, предизвикува исчезнување на видовите и ја оптоварува климата. Сакам да го сменам тоа“, рече министерот.
Новиот прв човек на Министерството за храна и земјоделство има за цел до 2030 година да ја зголеми површината на еколошки обработуваните полиња од сегашните десет на триесет проценти.
Тој, исто така, сака да ја „искористи куповната моќ на државата“ и да користи повеќе регионални и органски производи во јавните претпријатија за храна.
„Државата мора да биде пример“, заклучи министерот.