Дали Русија ѝ ги одзеде шансите на Украина да влезе во НАТО?

од Nikola Popovski
220 прегледи

Попрво НАТО ќе престане да постои пред да влезе Украина во алијансата, изјавил поранешниот советник на претседателот на Украина, Валериј Ивасјук.

„Длабоко сум убеден дека, се додека Русија постои во форматот во кој постои денес, попрво НАТО ќе престане да постои отколку Украина да биде членка на Алијансата“, рекол експертот.

Проширувањето на НАТО на исток и распоредувањето офанзивно оружје во Украина се црвени линии за Москва. Ова неколку пати го изјави претседателот на Русија, Владимир Путин. За да се решат постојните грижи, руските власти им предложија на САД и на Северноатлантската алијанса да склучат договори и аранжмани за безбедносни гаранции. Документите се веќе доставени на разгледување. Москва, Вашингтон и Брисел во јануари ќе разговараат за иницијативата во различни формати.

По државниот удар во февруари 2014 година, Украина ја продолжи својата политика кон членство во НАТО.