Владата предводена од СДСМ, надлежните државни институции и претпријатија постојано преземаат мерки за надминување на енергетската криза и заштита на стандардот на домаќинствата.
Активирани се сите расположливи капацитети за производство на струја, со цел да се намали зависноста од скап увоз на струја.Тоа е потврдено и со официјални податоци.Дневното производство на струја од домашни капацитети во јануари оваа година е 14.191 мегават час. Во октомври 2021 тоа изнесувало 13. 815 MWh а во истиот месец во 2020 година, 12.363 MWh, вели Дарко Каевски, пратеник на СДСМ.
Тој објаснува дека за непречена работа на РЕК Битола со двата блока обезбедени се доволни количества на јаглен, како и за ТЕЦ Осломеј.И дека во текот на овој месец планирано е да се пушти во употреба и третиот блок во РЕК Битола, како и вториот блок во ТЕЦ Неготино.
-На тој начин, сите количини на електрична енергија за месец јануари потребни за универзалниот снабдувач ќе бидат целосно обезбедени од домашно производство.Сето тоа влијае на цената на струјата кон крајните корисници, односно со активирање на сите капацитети се спречува драстично зголемување на цената на струјата.
Во време на глобална енергетска криза, Владата ќе го заштити и стандардот на граѓаните.Веќе се обезбедени 60 милиони денари со кои ќе им се помогне на околу 7.500 семејства од ранливите категории, преку субвенционирање на сметките за електрична енергија, а ќе следуваат и нови мерки за помош на граѓаните и стопанството.Државата е тука да им помогне на граѓаните, на економијата да се надминат последиците и од оваа енергетска криза, рече Каевски.