Талибанските власти во западната авганистанска провинција Херат наредиле отстранување на главите на кукли од излозите во продавниците за облека, тврдејќи дека тие го нарушуваат исламот. Сопствениците на продавниците се предупредени дека оние што ќе ја прекршат наредбата ќе бидат уапсени.
Азиз ул Рахман, покраински директор на Министерството за промовирање доблести и спречување на пороците, во вторникот (4-ти јануари) за агенцијата „ДПА“ изјавил дека главите „мора да бидат отстранети“.
Сопствениците на продавници се обиделе да им објаснат на талибанските власти дека цели кукли со глави не го нарушуваат исламот бидејќи не претставуваат „идоли“ туку се користат само за изложување на облека за продажба, но не успеале.
Обеидула Џари, лидерот на локалната деловна заедница, соопштил дека околу 20 отсто од продавниците веќе ја примениле уредбата.
Министерството за поттикнување на доблести и спречување на пороците, кое е одговорно за спроведување на талибанското толкување на исламот, нареди да се отстранат главите на куклите бидејќи се навредливи за исламот, предупредувајќи дека оние што ќе ја прекршат наредбата ќе бидат казнети.
Поголемиот дел од средните училишта за девојки биле затворени веднаш откако Талибанците ја презедоа власта минатата година. Многу жени не можат да се вратат на своите работни места. Од друга страна, мажите мора да пуштат брада.
Талибанците веќе воведоа строги ограничувања на јавниот живот. На возачите неодамна им беше наредено да не пуштаат музика во возилата и да не примаат патници доколку не носат хиџаб.
Фото: Horizons / AKG / Profimedia