Ако ЕЛЕМ беше на здрави нозе и имавме доволно домашно производство немаше да купуваме енергија по 17 денари, за да ја продаваме 3,5 денари, туку ќе имавме 5-6 пати пониска производна цена. Но наместо вистината, претседателот на РКЕ се слика и дава интервјуа за правдање на укинувањето на дневната евтина тарифа,изјави на денешната прес конференција Горан Николов, член на комисија на ВМРО-ДПМНЕ за енергетика.
Тој додаде дека неуспехот на СДСМ во менаџирањето на енергетските компании се сведе на грбот на народот. Зголемувањето од 9,84%, заедно со укинувањето на дневната евтина тарифа се само дел од колапсот што го предизвикаа неспособните кадри на СДСМ.
Од СДСМ потсетуваат дека во услови на прогласена електроенергетска криза требаше да се помогне и на компаниите кои не се дел од регулираниот пазар. Но, за жал СДСМ отсекогаш сакала само евтини ПР кампањи и „бонбона“ бизниси. Затоа ја донесоа енергетиката до оваа состојба, за што народот уште долго време ќе чувствува последици.
За да се спаси она што е останато, неопходни се промени. Потребни се предвремени избори, после кои на местото на оние кои ја уништија енергетиката, ќе дојдат стручни кадри предводени од ВМРО-ДПМНЕ кои знаат како да решаваат проблеми и да управуваат со енергетиката.
Колку побрзо се случи тоа, толку побрзо Македонија ќе ги реши енергетските проблеми, додаде Николов.