Раководството на ОБСЕ загрижено за ситуацијата во Казахстан

од Vladimir Zorba
247 прегледи

Претседателката на Парламентот на ОБСЕ, Маргарета Седерфелт од Шведска и Пиа Каума, специјалната претставничка на Финска за Централна Азија, изразија загриженост за развојот на ситуацијата во Казахстан, особено за човечките загуби и ги повикаа сите страни да се воздржат од насилство и да бараат дијалог за решавање на разликите.

„Со загриженост го следам развојот на ситуацијата во Казахстан и ги потсетувам сите страни да се воздржат од насилство, да започнат дијалог и да ги почитуваат основните слободи. Важно е да се поддржи мирното решение и важно е Казахстан да се придржува до Обврските на ОБСЕ“, рече Седерфелт во изјавата на ОБСЕ.

Специјалната претставничка на Финска за централна Азија, Пиа Каума, која е и потпретседател на парламентот, рече дека жали за човечките загуби и апелираше до спротивставените страни да се воздржат од понатамошна ескалација.

Слични содржини