ПРОДОЛЖУВА ПАДОТ НА КРИПТО-ПАЗАРОТ: Вредноста на биткоинот под 42.000 долари!

од Берта Китинска
352 прегледи

Остриот пад на вредноста на пазарот на криптовалути продолжи и денеска. Според веб-страницата „Коингеко“, пазарната капитализација утринава паднала за уште 4 отсто и моментално изнесува 2,08 трилиони долари.

Биткоинот и утрово продолжи да ја губи вредноста. Тој падна за дополнителни 3,8 отсто во изминатите 24 часа, паѓајќи на 41.548 долари.

Етереумот исто така се „лизна“ за дури 7,9 отсто. Во моментов на берзите се тргува по цена од 3.176 долари.

Слични содржини