Експлозија во зграда во Кина, загинаа најмалку 16 лица

од Vladimir Zorba
238 прегледи

Зграда во која се наоѓа менза во градот Чонгкинг во југозападна Кина се урна по експлозија за која постои сомневање дека е предизвикана од истекување на гас.

Во несреќата загинаа најмалку 16 лица, а 26 се извадени од местото на настанот, јави државната телевизија CHTV.

Министерството за вонредни ситуации испрати тим од повеќе од 600 луѓе на локацијата во Чонгкинг во округот Волонг.